(ФОТО) Бил Козби (83) после три отслужени години излегол од затвор: „Бил, ослободен си за неправилности во процесот, тоа не е исто што и невин!“

Тој бил подготвен да ги отслужи сите 10 години што му беа дадени за сексуално злоставување, но Врховниот суд одлучил да го ослободи од обвинението поради неправилности на претходното судење.
83-годишниот Бил Козби во 2018. годин беше осуден на 10. години затвор, но сега е ослободен поради спогодба со поранешниот обвинител.


– Никогаш не го сменив ставот или приказната. Јас секогаш тврдев дека сум невин. Благодарност до пријателите, фановите и сите што ме поддржуваа во овој тежок период. Посебна благодарност до Врховниот суд во Пенсилванија за правична одлука – напиша тој на својот Твитер.
Врховниот суд утврди дека договорот на Козби со претходниот обвинител, што се случил пред 2018 година, го спречува да биде обвинет за наводна злоупотреба на дрога и злоупотреба во 2004. година.
Со тоа, тој веќе не може да биде суден за тој случај и е слободен човек.


Коментарите под неговиот твит се поделени, а има многу кои сметаат дека не е невин:
– Бил, ослободен си за неправилности во процесот, тоа не е исто што и невин – му пишале.
Бил бил пречекан од маж и жена, секој го држел од едната страна под рака, а тој бил облечен во бело на излегување од затвор.
Извор и фото: 24sata.hr


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …