(ФОТО) Викторија ги извадила силиконите, а Дејвид почнал да користи ботокс!

Дејвид Бекам (42),со својот изглед, ја засенил ревијата на сопругата. Посетителите на ревијата забележале дека бившиот фудбалер изгледа помладо од обично и се појавиле гласини дека користи ботокс.
„Би требало да напоменам: Не си играј со своите гради. Сиве овие години ја негирав операцијата што е глупаво. Тоа е знак на несигурност. Биди горда на она што го имаш“ им порачала Викторија Бекам (43) на жените откако ги извадила силиконите.


Но, нејзиниот сопруг очигледно не одолеал на разубавувањето. Дејвид Бекам (42) ја посетил New York Fashion Week за да ја поддржи ревијата на Викторија. Посетителите на ревијата, меѓутоа, забележале, дека славниот фудбалер изгледа помладо од обично. Потоа се појавиле гласини дека Дејвид користи ботокс. Но, не му требало долго да ги негира.

Great show today very proud to be in NYC with this handsome young man @victoriabeckham 🔥


A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on

„Ботоксот изглед толку убаво на Дејвид“ коментирала читателка на британски „Вог“ на фотографијата на Бекам, неговиот син Бруклин и уредникот Едвард Енифил, која списанието ја објавило на својот Инстаграм.

„Не користам ботокс госпоѓице, но тоа ќе го сфатам како комплимент“ и одговорил Дејвид Бекам.
Читателите на Вог на бившиот фудбалер му порачале дека користењето ботокс не е срамота и дека без проблем може да признае дека го користи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …