(ФОТО) Пијанино во центарот на градот: „Ќе свирам додека љубовта на мојот живот не ме прими назад“

Лук Хауард (34) со свирење започнал во саботата наутро и рекол дека тоа е последен обид повторно да го освои срцето на својата девојка која му го променила животот. Прекинале после четири месеци врска…
Британец со „скршено срце“ одлучил, на необичен начин, да ја врати својата љубов – во центарот на Бристол го довезол своето пијанино и се заколнал дека ќе свири нон стоп се’ додека не му се врати љубовта на неговиот живот.
Лук Хауард со свирење започнал во саботата наутро и рекол дека тоа е последен обид повторно да го освои срцето на девојката која му го променила животот.Прекинале после четири месеци врска,а раскинувањето, вели, потполно „го скршило“. Не е сигурен како таа ќе реагира, но сака уште еднаш да и порача колку ја сака.
„Не се случи ништо грдо или злобно, едноставно на патот кон среќата ни се испречи животот. Да се скаравме или да раскинавме поради некоја конкретна причина не би го правел ова. Знам дека звучи чудно, но навистина ми го промени животот. Мојот цел живот ’се преврте’“ рекол Лук.
Тој на Фејсбук отворил и страница каде го објаснува целиот план, а ќе свири колку што е потребно се’ додека избраничката на неговото срце не му се јави, пишува Bristol Post.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …