(ФОТО) Венчаницата на Каролина сеуште интригира:Колку чини – прескапо или нормално!?


Доколку отидете на веб страната на овој италијански моден бренд веројатно ќе се шокирате од цените на нивните производи, но во позитивна смисла, коаг станува збор за високата мода. Најскапиот фустан, вечерен, сличен на венчаницата на македонското девојче е околу 4.500 евра. Ако се додаде дека Каролина имаше венчаница кон тоа може да се додаде уште „некоја сума“ која за многумина е прескапа, но за некои е „капка во море“. Па, се враќаме во она традиционалното – се е релативно.
Битно е дека на Каролина и се допаѓа, а колку платила за своето задоволство навистина е нејзина работа. Работи, заработува па може и да троши!
Чевлите, пак, се исто така од Италија, од дизајнерот Џанвито Роси.
И покрај прогнозите кој ќе ја дизајнира венчаницата, дали свекрвата Лиле Корубин, стилистката Цаци или, пак, некој друг, сепак, Каролина се реши за венчаница од модните писти во Милано.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …