(ФОТО) Украинската влада има порака за сите кои заробиле руски тенк

И покрај тешката ситуација во Украина, тамошните власти имаат време да се пошегуваат со моменталната состојба.
Последната во низата вакви реакции доаѓа од Националната агенција за спречување на корупцијата (NAPC), која објави дека секој што ќе зароби руски тенк или друго возило не е обврзан да го пријави како приход.


„Дали заробивте руски тенк или оклопен транспортер и сте загрижени како ќе го прогласите? Бидете мирни и продолжете да се борите за татковината! Не е неопходно да се пријават заробените тенкови и друга опрема бидејќи цената на тоа ‘срање’ не надминуваат 100. минимални плати од 248.100 украински гривни (приближно 7.500 евра)“, стои во соопштението на официјалната страница на Фејсбук.


Тие објаснуваат подолу дека борбените трофеи не подлежат на даночниоит закон бидејќи тие се стекнуваат преку борба, а не преку трансакција. Во својата шега, NAPC продолжува: „Поради храброста и победата на бранителите на Украина, непријателската опрема што ја освојувате е веќе уништена или оштетена, така што е невозможно да подлежи на украинскиот закон“.

Фото: Принтскрин/Twitter/Oryx

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …