(ФОТО) Убава вест од Полска: Од корона вирус излекуван 100. годишен ветеран од Втората светска војна

Станислав Бигош, сто годишен ветеран од Втората светска војна и поранешен пожарникар се опоравил од корона вирус, соопштиле полските власти.


Портпаролката на владината болница во Варшава, Ивон Солтис, на Твитер објавила дека Бигош е излекуван и му посакува здравје, позитивно размислување и енергија во иднина.
„Од нашата болница доаѓаат супер вести“, навел заменик-секретарот за внатрешни работи Блеиз Побоги на Твитер, кој го поздравил Бигош и им честитал на лекарите за закрепнувањето.
Во Полска, со население од 38. милиони, повеќе од 12.000 луѓе се заразени со вирусот, а 570. луѓе починале, пренесува АП.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …