(ФОТО) Адвокат од Мајами облечен како смрт на плажите ги предупредува луѓето за опасноста од корона вирусот!

Адвокат од Мајами нашол начин да ги предупреди луѓето да одржуваат социјална дистанца на плажите низ Флорида кои повторно се отвораат, иако пандемијата КОВИД-19 сè уште не поминала.
Даниел Jулфелдер го прави ова облечен како смрт со коса во раката и седи на високите столчиња за чуварите на плажа, а како што вели, од 1. мај ќе го прави тоа редовно, затоа што мерките на претпазливост му даваат простор да ги потсети луѓето за опасноста и важноста од одржување на социјална дистанца. .
Тој исто така најавил дека ќе патува на сите плажи по бреговите на Флорида.
Неговиот застрашувачки изглед може да изгледа, како што велат многу американски медиуми, како Ноќта на вештерките да пристигнала премногу рано, но она што го прави адвокатот во Мајами треба да го спречи ширење на вирусот.
“Многумина ме прашаа дали сум спремен да патувам низ цела Флорида облечен како смрт (во црна наметка со голема капа и коса во мојата рака). На крајот на краиштата, сметам дека плажите и другите делови на градовите се отвораат премногу брзо”, напиша Jулфелдер на Твитер, со својата духовита слика која покажува дека смртта демне на плажа, ако не се следат мерките.


Адвокатот смета дека ова е вистинскиот начин да ги предупредат луѓето дека опасноста сè уште не поминала.
Првпат се појави во Jексонвил кон средината на април кога се отворила плажата и илјадници луѓе се упатиле кон океанот.
Со одлука на властите на Флорида, плажата била отворена за рекреација, риболов, пливање, трчање, но не и за сончање и лежење на песок.


Знакот дека плажата била отворена премногу рано, укажува и на фактот дека тоа бил ден кога Флорида имала најголем број заразени лица од почетокот на епидемијата – 1.420.
Флорида е осма најранлива држава во Соединетите држави со 33.119 позитивни, од кои 5.419 се наоѓаат во болници, а 1.218 починале од корона вирус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …