(ВИДЕО) Scorpions објавиле нова песна: „Сакаме да дадеме знак на надеж!“

Германските хард рокери Scorpions ја претставија својата нова песна „Знак на надеж“
Во описот на „ЈуТјуб“, славниот бенд напиша: „Работиме на многу hard’n’heavy работи за нашиот нов албум, но заради драматичната пандемија на ковид-19, ние исто така сакаме да ви дадеме ‘знак на надеж“’ што доаѓа од длабочините на нашите срца во во овие бурни времиња … останете здрави и безбедни … ние ве сакаме“.
Иако бендот е познат по пожестоки песни како онаа од 1984 година „Rock You Like Hurricane”, на песната „Sign of Hope“ и се пристапило на малку помек и понежен начин. Баладата е изградена околу мелодија на акустична гитара.
Песната е прв дел од новиот материјал на групата, кој работи на нивниот претстојен албум додека се ставени во карантин.
Фронтменот додал дека се чувствува „привилегиран“ за да може да работи кога толку многу луѓе не можат. „Имам можност да се вратам во студиото и да продолжам да работам на нови песни – да напишам некои нови стихови, да бидам креативен сега, креативноста е прекрасна работа, особено овие денови. Сите сме затворени во куќите и немаме шанси да одиме никаде. Не можеме да патуваме, не можеме да се движиме, но барем да бидеме креативни, можеме да се нурнеме длабоко во нашиот креативен свет. И се надевам дека нешто добро ќе излезе од тоа“.


“Целиот свет минува низ многу тешки времиња и многу е страшно. Ние сме во многу привилегирана позиција барем да бидеме дома и да работиме во нашите студија за да ги продолжиме работите. После турнејата во Австралија и Југоисточна Азија, имавме можност да се вратиме во студиото и да продолжиме да работиме на нови песни – пишување нови песни, пишување нови стихови. Прекрасно е, особено во овие денови кога сите сме затворени и навистина немаме шанса да одиме каде било, навистина – не можеме да патуваме, не можеме да се движиме.Но, барем можеме да бидеме креативни, можеме да се спуштиме длабоко во нашата креативна работа“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …