(ВИДЕО) Зад новинарот, додека се јавувал во живо од дома, прошетала гола жена – драмата настанала кога се дознало која е таа!

Шпанскиот новинар Алфонсо Мерлос е во голем проблем откако зад него, среде јавување во живо, се појавила гола жена. Се открило дека не му е девојка туку колешка…
Вклучувањето на шпанскиот новинар Алфонсо Мерлос во една емисија стана хит на социјалните мрежи, но не поради неговото мислење за коронавирусот туку поради тоа што во директната програма во живо, зад неговиот грб прошетала гола девојка.
Мерлос, инаку се јавил како гостин новинар во емисијата „State of Alarm” која ја води Хавиер Негре, кога девојката прошетала зад неговиот грб.


За работите да бидат полоши, не станува збор за неговата девојка Марта Лопез со која е во врска една година. Во прашање е друга девојка – Алексија Ривас, новинарка на емисијата “Socialite”.

“Добро сум и не сакам да давам никакви изјави по тоа прашање. Многу работи кои се кажани не се вистина”, рекол накратко Алфонсо на прашањето која е девојката.

 

View this post on Instagram

Día 30. We can ♥️

A post shared by Alexia Rivas (@alexiaarivas) on

Инаку, Мерлос е новинар, манекен и славна личност во Шпанија, а тамошните медиуми се занимаваат со љубовниот триаголник во кој се нашол. Неговата девојка Лопез вели дека е срамота тоа што го направил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …