(ФОТО) Тука никој не ја заклучува вратата: Најсигурна држава во светот!

Едно време имало можност за изнајмување на целата земја, со се принцот…
Со само 37.000 жители на површина од 160. квадратни километри, Лихтенштајн е една од најмалите, но на многу начини уникатни држави во светот.
Државата Лихтенштајн нема скоро никаков криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997. година,а има само неколку затвореници во земјата.
Секој осуден на казна повеќе од две години оди во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку сигурно што повеќето дури и не ја заклучуваат влезната врата.


Швајцарија во една прилика го нападнала Лихтенштајн. Вкупно 170 швајцарски војници биле вооружени со пушки, но без куршуми, случајно ја преминале границата за време на воена вежба. Еднаш годишно, сите жители се поканети на забава, т.е. за пиво во градините на замокот Вадуз.
Пред пет години, можевте да ја изнајмите целата држава за една ноќ. Имено, во соработка со услугата „Аирбнб“, бил понуден простор за сместување на 150. гости, пробање вино со принцот и создавање персонализирана монетарна валута, привремена. Задоволството чинело 70.000 долари.



Химната на Лихтенштајн „Oben am jungen Rhein“ ја има истата мелодија како химната на Велика Британија „God Save the Queen“.
Во Лихтенштајн официјалниот јазик е германски, но генерално жителите не го зборуваат. Повеќето го користат алеманскиот дијалект,поинаков од стандардниот германски.


До 1984. година, поради неуспехот на три референдуми, жените во Лихтенштајн не можеле да гласаат на изборите. Само мажите можеле да излезат на референдумот, па референдумот успеал даури од четвртиот обид, со 51,3 проценти
гласови за.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …