Среќните сопственици на тикетот 26590 во Шпанија ја освоиле главната награда на националната божиќна лотарија, најголема во светот.
José María Nogales celebrando que ha vendido el gordo en su administración. Es la primera vez que da un premio importante de la Lotería de Navidad. pic.twitter.com/TAup8b93HI
— Margot Molina (@MargotMolinaM) December 22, 2019
Добитниот број во вредност од 400.000 евра излегол од огромниот тапан а се’ пренесувала телевизијата.Победниците освоиле по 20.000 евра за секое потрошено евро на тикет од 20. евра.
Неверојатно популарната лотарија, позната како El Gordo (во превод Дебели), оваа година издвоила вкупно 2,24 милијарди евра, вклучувајќи многу помали награди.
Останатите лотарии имаат големи поединечни награди, но El Gordo, кој се одржува на секој 22. декември, е рангирана како најбогата лотарија на светот по вкупниот износ на наградите.
Победничките тикети се продадени во провинциите Тарагон, Саламанка, Аликанте, Барселона, Мадрид, Мурсија и Севилја.
¿Qué tiene este señor en la mano y qué echa dentro del bombo en el segundo 52?#LoteriaNavidad #LoteriaDeNavidad2019 #LoteriaDeNavidad El Gordo #SorteoNavidad pic.twitter.com/I7FLKbgiSr
— Jesús Arroyo (@GenteQueLucha) December 22, 2019