(ВИДЕО) Се разочарал во автомобил од 270.000 долари: Го фрлил од 300. метри!

Рускиот влогер Игор Мороз решил да го уништи неговиот скап Mercedes-AMG G63 на необичен начин.
Русинот ангажирал хеликоптер за да го крене автомобилот во воздухот, а потоа го фрлил од висина од 300. метри кон земјата. Мороз тврди дека бил несреќен затоа што тој честопати морал да го носи автомобилот на поправка, а понекогаш возилото останувало во работилницата по еден месец. Покрај тоа, продавачот, наводно, одбил да ја признае гаранцијата во поединечни случаи, иако автомобилот бил платен дури 270.000 американски долари во март 2018 година.
Мороз е добро познат влогер, па ја искористил оваа ситуација за да сними видео во кое имал скоро 300.000 прегледи за неколку дена.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …