Се чини дека Сибирците знаат како да се забавуваат.
Во чест на затворањето на „Зимскиот Сибир“, жителите на рускиот град Краснојарск се забавувале. Двајца работници во локален рудник за злато се фатиле за корпата од багер а третиот за нивните нозе, и така висејќи се вртеле на машината која што багеристот ја кренал во воздухот и се вртел во круг.
Иако живата на термометарот се спуштила на 37. степени под нулата, креаторите на необична забава дури и не помислувале да се откажат.
За да спречат рацете да им се залепат за металот, претходно ги намачкале со алкохол.
Најдалеку, сепак, отишол челичниот шеесетгодишниот идеен креатор на играта, Александар Шиш, кој се соблекол само во своите боксерки и откако се повозел се полил со ледена вода.