„Том после некое време видел фотографии од Сури Круз забележувајќи дека полека пораснува во негово отсуство и тоа пресудило. Ако некогаш одлучи да ја напушти саентологијата тоа ќе биде поради неговата ќерка“, рекол извор…
Глумецот Том Круз (57) со години не се трудел да биде дел од секојдневниот живот на неговата ќерка Сури (13). Од девојчето го оддалечило саентилошката црква бидејќи таа им претставувала потенцијален извор на проблеми.
Со години американските медиуми пишуале дека бившата сопруга на Том и мајка на Сури, глумицата Кејти Холмс (40) е противничка на неговата црква. Откако, наводно, пет години не бил во контакт со Сури, Круз, како што пренесува „In Touch“, одлучил повторно да изгради однос.
„Том после некое време видел фотографии од Сури Круз забележувајќи дека полека пораснува во негово отсуство и тоа пресудило. Ако некогаш одлучи да ја напушти саентологијата тоа ќе биде поради неговата ќерка. Бидејќи Сури нема татковска фигура во својот живот, ова би била идеална прилика да се смират, додека не стане предоцна, но саентолошката црква е запознаена со најмрачните тајни на Том, па ако одлучи да ги напушти тие сигурно ќе ја здогледаат светлината на денот“, рекол извор близок на семејството за „In Touch“.
Денес девојчето има полни 13. години, а обожавателите ги „затрупале“ социјалните мрежи со фотографии и коментари. Израснала, како што велат, во вистинска убавица.
Колку саентолошката црква влијаела на него говорат и некои необични барања. После разводот од Том, Кејти добила упатства пет години да не смее да говори за нивниот брак или да има јавна врска.