(ФОТО) „Тоа ми е фетиш“: Кендал Џенер во Кан ги покажала голите гради

Членка на семејството Кардашијан – Џенер дошла на Шопард забавата „Таинствена ноќ“ во прозирен фустан без градник

Познатата манекенка Кендал Џенер се појавила на црвениот тепих на 71-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, а нејзиниот изглед ги изненадил сите.
Наместо гламур, убавицата се одлучила за фустан, кој по мислењето на многумина откривал премногу.
Една од најангажираните манекенки Кендал Џенер допатувала во Франција за да присуствува на еден од најелитните настани во светот на славните.
Специјално за оваа пригода, 22.годишната убавица носела многу ризична креација – проѕирен мини фустан кој потсетувал на мрежа, со златни светки.
Сепак, светките не успеале да го одвлечат вниманието од долната облека која таа ја носела, а брадавиците кои биле во прв план денеска ги “красат” речиси сите таблоидни списанија.
Иако Кендал е позната по храбриот моден стил и експериментирањето кое и’ го дозволуваат годините, модните експерти не го одобруваат овој аутфит.
Кан изискува гламур, а Џенер сервирала евтина мода која на овој фестивал едноставно не е прифатлива.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …