(ВИДЕО+ФОТО) Израелката слави: Посебната Нета е победничка на „Евросонг 2018“!

Финалето на 63. Евросонг го одбележа инцидент чија главна актерка била претставничката на Обединетото Кралство. Имено, за време на нејзиниот настап на бината се качил маж кој и го одзел микрофонот…
Домаќинки на вечерта, како и во двете полуфиналиња, беа четирите дами Катарина Фуртадо, Даниела Руа, Филомена Каутела и Силвија Алберто. Ова е прв пат во историјата на Евровизија целото натпреварување да го води исклучиво женска екипа.
Публиката и жирито одлучија: Победник на „Песна на Евровизија 2018“ е Израелката Нета која ја испеа песната „Toy“.
Изрелката Нета која според многу нешта е посебна, настапила 26. по ред а нејзината изведба на песната „Toy“, кој е голем хит и на Јутјуб, можете да ја видите во видеото подолу.


После гласањето на жирито водела Австрија, но кога се собрале гласовите на публиката победата ја однел Израел.
„Многумина во Израел се изненадија кога бев избран за Евросонг, бидејќи јас сум ’голема девојка’ која не пее балади туку произведува чудни звуци и изрази на сцената. Многу сум среќна. Ви благодарам на сите што признавате различност“ рекла Нета.

Инаку Нета, после настапот во полуфиналето паднала на скалите, но тоа не наштетило на нејзините шанси. И’ на кладилниците до самиот крај била еден од фаворитите, покрај Кипранката која завршила веднаш после неа.
Во ревијалниот дел настапил минатогодишниот победник Салвадор Собрал.


Невиден скандал
На финалето на „Песна на Евровизија“ се случил невиден скандал, за време на настапот на пејачката Сури, претставничка на Велика Британија.
Непознат маж се качил на бината, го грабнал микрофонот и почнал да скандира.
Организаторите понудиле Велика Британија уште еднаш да ја изведе песната, но тимот одлучил дека нема потреба за тоа.
Непознатиот маж е приведен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …