(ФОТО) Станал жртви на пластичните операции: Тешко може да се поверува дека жените по него некогаш лудувале!

Мики Рурк (66) некогаш бил секс симбол!
Секое појавување на Мики Рурк во јавност последните години предизвикува згорозување поради фактот дека со бројните пластични операции си го деформирал лицето.


Само носот го оперирал пет пати, а тешко е да се поверува дека станува збор за истиот маж по кого пред неколку децении жените буквално лудееле. Ќе го земеме во предвид и тоа дека првпат носот го оперирал поради боксот, со кој професионално се бавел. Но, после посетата на хирург, кој не си ја завршил добра работата, како што и самиот открил, се’ тргнало надолу.

Но, носот не е единствена работа која ја оперирал, што е и јасно и од само кус поглед на неговото лице, а кога кон тоа ќе ги додадеме и годините, јасно е колку се работите лоши. Така глумецот станал најдобар пример на она што се случува кога едноставно не знаеш да старееш.


Мики некогаш бил секс симбол на 80. ттите години на минатиот век, а сигурно добро се сеќавате на него по жешките сцени со занесната Ким Бесинџер во филмскиот хит „Девет и пол недели“.
Бившиот боксер во интервјуата често истакнувал колку се плаши и грози од стареењето, а достоинствено стареење кај него, очигледно, не доаѓало, предвид.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …