(ФОТО) Среќен роденден на Шенка Колоза, кралицата на Македонските народни приказни!

Беа неа и прерано починатиот Ѓорѓи Колозов немаше да ги има Македонските народни приказни…
Немаше да има часови и часови мудрости и стории за кои тв гледачите ќе раскажуваат но и со нетрпение ќе ги очекуваат новите епизоди…
Шенка Колозова продолжи да ја спроведува визијата на својот сопруг, Ѓорѓи, кој иако не беше познат филмски глумец беше меѓу најомилените во Македонија – дали од Македонски народни приказни, дали како кралот, а од неговиот профил на Фејсбук и беше честитан и роденденот на Шенка…


„Среќен роденден Шенка!
Царицата на македонските народни приказни, незаборавниот лик од детските тв серии и драми денес наполни 73 години!
Шенка Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна, Станојкови). Родена е на 1 февруари 1947 во Добрево, Пробиштипско. Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална актерка во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“. Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во Велешкиот театар и други театри во Македонија. Најзначајни театарски ролји на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“ , „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај актерството, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …