Откриена првата работа на Меган Маркл после заминувањето од кралското семејство со сопругот Хари, а станува збор за појавување во канадското реално шоу за други венчавки, во кое Меган повеќе пати ќе гостува.
Според извори блиски до продуцентскиот тим, 38. годишната Меган повеќе пати ќе гостува во шоуто „I Do, Redo“, каде ќе се придружи на блиска пријателка, стилистка за венчавки – Џесика Мулруни, ѕвезда на идното реално шоу на Нетфликс.
Нејзините појавувања во шоуто ќе бидат повремени, тврди изворот кој не открил дали и колку Меган ќе биде платена. Шоуто во 10. епизоди следи 10. парови и нивните катастрофални искуства со првите венчавки пред, од втор обид, да ја остварат својата венчавка од соништата.
Меган, еднаш разведена, а сега мажена за принц, и самата имала сличен момент во животот, пишува Page Six. Нејзината венчавка чинела повеќе од 42.милиони долари, а фустанот и го дизајнирал Живанши.
Муруни (39) на кралската венчавка била деверица, а во церемонијата учествувале и нејзините три деца. После бројните појавувања во шоуто „Good Morning America“, каде на гледачите им давала совети како ефтино, но добро да се облечат, Мулруни добива свое шоу, во кое ќе учествуваат парови од САД и Канада.
Маркл која со синчето Арчи и сопругот Хари живее во Ванкувер, откако во јануари се пресели од Велика Британија, моментално бара агент во Холивуд. Минатиот месец Маркл потпишала договор со „Дизни“ за засега непознат проект во кој ќе го позајми гласот во замена за донација на здружението за спас на слонови, кое го подржува.
„Страна на индустријата за венчавки која никогаш не е прикажана на телевизија“, го опишала Мурлуни шоуто на Фејсбук. Таа ја запознала Маркл за време на снимањето на серијата „Suits,“ во која Меган ја глуми Рејчел Зејн.
Од продукцијата не одговориле на прашањата за Меган Маркл, додека публицистката која работи на шоуто одбила да коментира било што во врска со неа. Рекла само дека снимањето на шоуто не е завршено и дека сеуште не се знае датата на премиерата. Шоуто во траење од 30. минути ќе биде достапно на Нетфликс.