(ФОТО) Совршен ручек: Печена коленица!

Неделниот ручек во многу домови е вистинска традиција. Тоа е време кога домашните ќе се состанат на масата за да уживаат во најчесто, преобилнниот ручек…
Ви донесуваме рецепт за интересен и по малку заборавен неделен ручек.
Станува збор за фина коленица, традиционално зимско јадење кое често се подготвува како подварок со кисела зелка, но ние ви донесуваме сосема друг рецепт.
Потребно е: една чадена свинска коленица, 350 г моркови, 450 г компири, корен целер, пиперка, две главички кромид, 500 мл супа, 200 мл суво бело вино, сол, црн пипер.
Подготовка:прво исчистете го и исечете зеленчукот, потоа коленицата сварете ја. Исцедете и префрлете во плех за печење. Полијте ја со белото вино и заливајте со супата. Додајте ги компирите и зеленчукот. Печете уште 60 минути.
Коленицата е сочна, мека и вкусна.
Ова јадење можете да го подготвите и со свежа коленица но пред да го додадете зеленукот треба да ја испечете на истиот начин.

Совет: коленицата, ако е свежа, ќе биде уште повкусна ако пред печење ја запржите од сите страни.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Екатерина

Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ? живееше со својата мајка во Александрија. …