(ВИДЕО) Илон Маск ги преплашил Американците: НЛО над Калифорнија и Аризона!?

Жителите на Калифорнија и Аризона непријатно ги изненадило необично бело светло кое над небото на тие американски држави се појавило во петокот навечер.
Белата светлина која во облик на риба се појавила кусо време ги навела оние кои ја виделе на социјалните мрежи да покренат приказна дека светлоста потекнува од НЛО.
Локалните медиуми и полицијата примиле бројни телефонски повици на збунетите сведоци на необичниот призор пишува Даилу Маил.


Сепак, не станува збор за НЛО, ниту било каква вонземјанска активност, туку за лансирање на ракетата Спеј Икс „Фалкон 9“ од базата Вандерберг Ер Форс во централна Калифорнија.
На сметка на новата мисија на „Фалкон 9“ и паниката која лансирањето ја предизвикало, се пошегувал и директорот на „Спејс Икс“, Илон Маск, кој на Твитер напишал дека станува збор за „нуклеарно НЛО од Северна Кореја“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: две години без нашиот истакнат поет, преведувач и професор Драги Михајловски

Драги Михајловски е роден на 16 октомври 1951 година во Битола, каде го поминал и …