(ФОТО) СЛАВНИ СПОРТИСТИ ЖИВИ ИЗГОРЕЛЕ ВО „ПОРШЕ“! Морбидна несреќа во Русија: Млад љубовен пар доживеал СУРОВА СМРТ!

Во неделата вечерта во Русија се случила страшна трагедија.
Познатите руски спортисти Иван Куренбин и Татјана Игушина ги загубиле своите животи во страотна сообраќајна несреќа.
Куренбин (36) бил успешен автомобилист, додека 31-годишната Татјана била светски рекордерка во мотоциклизам.

Оваа љубовна двојка била во Порше Карера 911, возеле со неприлагодена брзина, изгубиле контрола и удриле во столб покрај патот.
Во полицискиот извештај се наведува дека возачот го стиснал педалот за гас до крај и потоа се случило нешто што спречило автомобилот да застане.
Автомобилот се запалил по судирот, а несреќниот пар не успеал да излезе од возилото, па претрпеле сурова смрт.
Сè уште не е утврдено кој бил зад воланот, бидејќи телата се целосно јагленисани. Возачот ќе биде познат само по ДНК анализа.

Иван, син на Владимир Куренбин – поранешен шампион на СССР во уметничко лизгање, беше врвен автомобилист и многу успешен претприемач.
Тијана била рекордерка во патувањето со мотоцикл низ целиот свет, за само 18. дена таа успеала да мине 25. илјади километри.


View this post on Instagram

A post shared by Denis Kamarov RastaMafia (@den_hfrt)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 20.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои одличен почеток на работа. Соработниците би можеле да ви …