(ФОТО) Сите гафови на Меган Маркле: Од давање автограми до разголени фотки!

На првиот службен настан со кралицата Елизабета II. бившата глумица со свршеникит Хари се смеела. Правела и’ селфи и давала автограми на обожавателите што кралското семејство не смее да го прави…
Бившата глумица Меган Маркле (36) откако се дознало дека е во врска со принцот Хари е под „лупа“ на јавноста а особено после свршувачката минатата година. Најновиот гаф на Меган се нејзините разголени фотографии и видео кои ги објавила страницата поврзана со ИСИС и кои
навредуваат.
Компромитирачката содржина објавена е и на интернетската страница која досега ги објавува сите украдени интимни фотки на ѕвездите. Идната членка на кралското семјство се сликала на плажа носејќи само гаќички а на сликите се истакнуваат нејзините голи гради. Позирала и во хотелска соба само со пешкир на себе.Кралското семејство сеуште не се огласило околу овој скандал.


„Ова се фотографии кои се неодамна настанати а Меган најверојатно му ги испраќала на Хари. Кралицата и целото семејство ќе се срамат поради овој инцидент“, рекол пријател на Меган и принцот и додал дека Хари веќе презел мерки за да го запре ширењето на фотографиите.
Бившата глумица неодамна учествувала на комеморација по повод денот на Комонвелтот и тоа и била прва должност која ја извршувала во присуство на кралицата Елизабета II. (91). Хари цело време бил покрај својата мила, а двојката била изненадена што пеел член на бившиот бојбенд „One
Direction“, Лиам Пејн (24). После неговиот настап Меган „киксирала“ со однесувањето.
Пејн пеел обработка на „Waiting On The World To Chang“ а Меган и Хари сето време додека траела изведбата чудно се погледнувале.Откако пејачот завршил, принцот ги подигнал веѓите гледајќи во свршеницата, а таа почнала, за кралски поими, премногу неконтролирано да се смее.
Американката ги прекршила „правилата на кралицата“ и кога во почетокот на месецот на форумот во организција на кралската фондација во Лондон расправала за правата на жените.
„Ќе направам се’ што е до мене жените во Англија да се осилат и да се подобри нивната положба. Треба да станат свесни за својот глас и треба да го користат“, истакнала Меган која учествувала на форумот со идниот сопруг, братот на принцот Вилијам (35) и неговта сопруга, Кејт Мидлтон (36).Кралскиот протокол налага членовите на кралското семејство јавно да не изнесуваат свои мислења за одредени теми.
Меган ја прекршила традицијата и на свеченото доделување на награди во лондонскиот Goldsmith Hallu во почетокот на февруари. Заедно со принцот врачила две награди на Endeavour Fund, кои за достигнувања и придонес ги добиваат ранетите и болни војници. Бившата глумица со тоа ја прекршила британската традиција со оглед на тоа дека сеуште не е во брак со принцот Хари.
Во првата службена посета на Велс со Хари, Меган повторно покажала дека не го познава кралскиот протокол. Додека парот го разгледувал дворецот Кардиф, ги окружиле стотици фанови кои сакале фотографии со нив или барем автограм. Меган и пришла на девојчето Кејтлин Кларк (10), ја поздравила, и и’ се потпишала во нотесот.

„Здраво, Кејтлин“ напишала Меган притоа ставајќи К наместо Ц и додала срце и насмеан смајли. Кралското семејство и забележало на глумицата што уште еднаш го прекршила протоколот за време на средбата со фановите а таа, наводно, рекла дека таа „лоша“ навика и останала од Холивуд. Имено, правило е љубезно и со насмевка да се одбива давањето автограми.Исто така, Меган, со насмевка „одработила“ неколку селфи со обожавателите.
На божиќната церемонија минатата година, бившата глумица добила лоши критики поради својот шешир кој, како што велат многу модни критичари, бил потполно промашуавање. Го анализирале и нејзиното однесување и заклучиле дека не знаела да и се поклони на кралицата и дека изгледала смешно додека се обидувал да го направи тоа.
Хари и Меган ќе се венчаат на 19. мај во капелата Св. Џорџ. Глумицата поради кралските правила морала да ги избрише и’ сите свои профили на социјалните мрежи и да престане да го пишува својот блог The Tig.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …