Нема крај на зимата: И’ денес ладно, со дожд и снег!

Колку и да му се „радувавме“ на пролетниот снег, некому сигурно му дојде „преку глава“. Токму за нив имаме добри вести. Оваа сабота ќе помине во услови на генерално суво време. „Нормално“ ќе има и малку исклучок од оваа констатација. Попладне и навечер локално во охридскиот, преспанскиот и пелагонискиот регион ќе има услови за слаб снег. Навечер услови за дожд ќе има во југоисточниот регион.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Наутро минималната температура ќе има вредност некаде помеѓу -3и 1, а во повисоките населени места околу -5 степени.
Низ котлините од северниот и западниот регион максималаната температура ќе има вредност помеѓу 1 и 4, а во гевгелиско – дојранскиот крај околу 6.
Скопската котлина очекува облачно време со услови на сосема кратко да „пробие сонце“. Температурата наутро ќе се спушти до -2, а преку ден ќе достигне максимални 3, најавуваат од  meteopro.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …