(ФОТО) ШТО ГИ СНАЈДЕ – НА МААЛОТО ОД ПЕКОЛОТ им пречи гласното стенкање на двојката: Им испратиле полиција на врата, а тие им испратија ХИТ порака, РЕГИОНОТ во шок!

Брачен пар од Црна Гора наишол на осуда од соседите поради прегласно стенкање при водење љубов.
Маалото од пеколот неколку пати го пријавило младиот и непослушен пар, но тие ги игнорирале и продолжиле гласно да стенкаат. Соседите решиле да им остават порака на влезот од зградата, која брзо завршила на социјалните мрежи и станала вирална.
Соопштението на бесните соседи се појавило на Инстаграм страната „Подгорчки времеплов“. Според описот на објавата, се работи за пар од Подгорица. Имено, „драмата“ на соседите и брачната двојка трае веќе подолго време, а очигледно, барем според пишаните коментари, парот ја консумира врската повеќе од често. Но, при тој чин тие правеле голема врева, што буквално ги полудела соседите, па решиле да пристапат кон решавање на „проблемот“ на радикален начин.
„Мислам дека доста страдавме додека го трпиме вашето дерење за врме на се**от. Какво е тоа невоспитување!? Ниту ние, ниту нашите деца не можеме да спиеме од вас навечер или наутро. Претеравте! Госпоѓицата би можела да поведе сметка цела зграда да не ги слуша нејзините офкања! Штом ве предупреди полицијата свесни сте дека ако дојдат пак тоа нема да има баш убав исход.Ова е последно предупредување!Во зградава живеат фамилија и работни луѓе! Срам да ви е!“, е пораката што го красела влезот на зградата.

Во описот на објавата, администраторите на сајтот ги пренеле и зборовите на парот, кој им го испратил односот на соседството. Како што напишале, се обидуваат да добијат дете, а се осврнале и на тоа како соседството реагира на вакви работи, додека кога се случува насилство се молчи.
„Ние сакаме деца и работиме на тоа. Соседите протестираат и доаѓа полиција. А кога има семејно насилство никој не вика полиција ниту некој реагира. Станува збор за Подгорица, не сакам да ја лоцирам зградата, главно станува збор за насделбата Забјело. Ама соседите ќе се препознаат, оние кои утредента по посетата на полицијата го закачија ова на врата. Ако можете објавите каков народ сме, насилството се подржува, но не и љубовта!“, напишала оваа двојка.


Фото: Принтскрин/Колаж

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …