Одлични вести од светот на народната музика: На 26-ти мај не очекува „Прилеп фест“!

По пауза од неколку години, на радост на љубителите на добрата македонска народна песна, оваа година повторно ќе блесне фестивалот „Прилеп фест 2022“.
Традиционално фестивалот ќе се одржи во домот на културата „Марко Цепенков“ и тоа на 26-ти мај (четврток), а покровител на истиот ќе биде Општина Прилеп.
„Прилеп Фест“ е познат по тоа што на него досега имаат продефилирано најквалитетните музички имиња од нашата земја кои оставиле бројни хитови.
Организаторите на фестивалот „One Way“ продукција, односно Борче Нечoвски и Дејан Момироски, велат дека оваа година прилепчани ги очекува вечер со квалитетни песни и тоа отпеани од најзвучните имиња од нашата фолк-сцена.
-Ни претставува огромно задоволство што повторно ќе го вратиме овој фестивал, бидејќи тој беше и ќе остане еден од симболите на градот Прилеп. Она што може да го ветиме, е квалитетна музика, познати изведувачи докажани на македонската сцена, а се разбира можност ќе добијат и неколку нови имиња – велат организаторите.
На сцената во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе настапат дваесетина изведувачи, а своето учество веќе го потврдија етаблираните ѕвезди: Наум Петрески, Анета Молика, Елена Велевска, Татјана Стефановска, Андријана Кеш и уште неколку други.
Она што е важно да се напомене, е дека фестивалот ќе биде емитуван на една наша национална телевизија, а натпреварувачите или ако сакате изведувачите ќе бидат наградени со признание од публиката, како и стручна жирикомисија. Исто така ќе биде доделена и наградата за животно дело.
Се гледаме на „Прилеп фест“ на 26-ти мај!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …