Починал Тоде Новачевски – Ја загубил тешката борба со ракот

Еден од најдобрите македонски композитори, Тоде Новачевски поранешен сопруг на пејачката Маријана ја загубил битката со ракот на белите дробови.

Вонсерискиот македонски композитор и музичар, Тоде Новачевски, синоним за најпопуларниот сестрински дует кај нас „Признавам“, испеан од ненадминливите Маријана и Росана, кој повеќе децении беше во брак со Маријана, ја загуби повеќегодишната борба карцином.


This image has an empty alt attribute; its file name is tode-novacevski.jpeg
Тоде и денес важи за еден од најдобрите македонски музичари. Познат е по неговите антологиски песни кои ги напиша за нив две, „А од љубов не се бега“, „Ако не исчезнам“, „Признавам“, и многу други.
Во едно од последните интервјуа за Свет – Австралиjа искрено раскажал за најтешките моменти во неговиот живот. За грешката која ја направил кога заминале од Македонија за да живеат во Австралија, за разводот со Маријана и неговата борба со ракот која ја води повеќе години.

This image has an empty alt attribute; its file name is tode-i-marijana.jpeg


„Иако мојот рак на белите дробови нема никаква врска со Ковид 19, почетокот на проблемот пред две години и развојот на болеста беа речиси исти. Од една страшна инфекција која ја добив заедно со грипот и по недобро направена дијагноза, болеста метастазираше и ме потресе и физички и психички“, открива Тоде.
Тој вели дека иако е свесен дека секој ден за него може да биде последен, се обидува да остане позитивен, ведар, спокоен, мотивиран и со желба за живот како никогаш досега.
Тоде кажал и за односот со неговата поранешна сопруга Маријана и нивните деца. Вели дека за ќерка му Билјана може да зборува со денови, а во исто време е благодарен што Маријана не дозволила нивната разделба и развод негативно да влијаат на врската со нив.

This image has an empty alt attribute; its file name is tode-foto.jpg
„Нашиот композитор, еден и единствен
Човекот кој ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци си замина во вечноста.
Сега заедно со нашиот брат ГОРЕ некаде нека компонираат, музицираат, бидејќи музиката им беше живот…
Голема благодарност и почит ДО НЕГО!
Спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце
Тивко живееше, тивко и си замина
Почивај во мир мој Тоде“, напиша на Фејсбук Росана.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …