(ФОТО) ШЛАКАНИЦА НА РЕАЛНОСТА – Украинка напишала податоци за идентификација на нејзината ќерка во случај таа да не преживее

Сцените од војната во Украина сè уште ја ледат крвта во вените, а една од нив која деновиве кружи на интернет испраќа болна порака до преплашените родители кои размислуваат што ќе се случи со нивните деца доколку не извлечат жива глава.
Александра Маковиј на својот Инстаграм профил споделила фотографија од својата ќерка Вира, која во ноември ќе наполни три години, покажувајќи на што ја принудил стравот, а потресната сцена, како што тврдат, за многумина била „шлаканица на реалноста“.

Александра на фотографијата напишала идентификациски податоци на грбот на нејзината ќерка – име и презиме, датум на раѓање и контакт на нејзините роднини, во случај девојчето да остане сирак или да се изгуби.
„На фотографијата е Вера на првиот ден од војната. Тоа го напишав со растреперени раце“, напишала Александра која додала дека размислувала и на полуди работи.
„Дури и една луда идеја ми се вртеше низ главата, како онаа ‘Зошто да не ја истетовирам оваа информација на неа’“, додала мајката на Вира.
Александра со неа подготвила и белешка со податоците на нејзината ќерка, која иако денес се безбедни, како што вели, се уште не се осмелува да го фрли.
„Боли да се влезе во фотогалеријата, имавме толку прекрасен живот“, заклучила таа.
Нејзината фотографија набрзо почнала да се шири на интернет, а меѓу другото, еден корисник кој ја споделил се чудел на работи на кои денес им се придава поголемо значење.
„Украинските мајки пишуваат информации за своите деца на нивните тела во случај да бидат убиени, а вие сè уште зборувате за плин“, напишала Анастасија Лапатина, чија објава им се допаднала на речиси 300.000 луѓе.


Останав без текст, срцето ми се скрши“, напишал еден корисник.
Потсетуваме дека Русија ја започна агресијата во Украина пред нешто повеќе од еден месец, поточно на 24. февруари.

Александра и малечката Вира успеале да излезат од Украина и сега со помош не волонтери се наоѓаат во јужна Франција каде се надеваат на подобро утре…

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …