(ВИДЕО+ФОТО) Претставниците на Украина успеале да излезат од земјата и пееле во Израел: „Нас не можете да не скршите!“

Претставниците на Украина на овогодинешниот Евросонг, Kalush Orchestra, во четвртокот се појавија на концертот на Евровизија во Тел Авив, Израел, пеејќи ја „Стефанија“ пред преполната сала.
Шест членови на Kalush Orchestra, бенд кој меша рап и традиционална украинска музика, добија специјална дозвола да ја напуштат земјата и покрај законот со кој им се забранува на работоспособните мажи да ја напуштат земјата разурната од војна.

„Сакаме да му покажеме на светот украинската музика, нашиот дух и колку сме неукротимни. Навистина ни треба поддршка во ова тешко време“, велат членовите на бендот.


Kalush Orchestra деновиве за прв пат од почетокот на војната ја изведе својата евровизиска песна „Стефанија“ на градскиот плоштад во Лавов во западна Украина. Фронтменот на бендот во интервјуа изјавил дека доброволно заминал во војна, а во единицата за територијална одбрана служел и еден од неговите колеги од бендот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …