Објавен списокот на најмоќните пасоши во 2022 година – на кое место е македонскиот?

Јапонија и Сингапур се уште се на врвот на листата на најмоќни пасоши во светот во 2022 година.
Според последните податоци на „Henley and Partners“, кои од 2006. година ги рангираат пасошите на 199 земји, затворањето на воздушниот простор поради кризата во Украина и отворањето на границите за украинските бегалци почна да влијае на глобалното патување.
Во извештајот се забележува дека ситуацијата меѓу Русија и Украина се покажа како строг потсетник за променливиот свет, начинот на кој конфликтите можат да доведат до масовно раселување и точно колку нечиј пасош може да влијае на нечија позиција.

На врвот на листата традиционално се Јапонија и Сингапур, додека на дното е Авганистан, чии граѓани без виза можат да патуваат во само 26. земји.
Во однос на земјите од опкружувањето, Хрватска е на 17. место, Црна Гора на 45. (пад од три места), Македонија на 44., Босна и Херцеговина на 49. и Србија на 37. (паднала за едно место) како земја чии граѓани можат без виза да патуваат во 136. земји.


This image has an empty alt attribute; its file name is pasosi-japonski.jpg

Списокот на најмоќните пасоши изгледа вака:
1. Јапонија, Сингапур
2. Германија, Јужна Кореја
3. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија
4. Австрија, Данска, Холандија, Шведска
5. Франција, Ирска, Португалија, Обединетото Кралство
6. Белгија, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, САД
7. Австралија, Канада, Чешка, Грција, Малта
8. Унгарија
9. Литванија, Полска, Словачка
10. Естонија, Латвија, Словенија


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …