(ФОТО) Шарлиз Терон на премиерата на „Bombshell” со деколте до папок ги оставила присутните без зборови!

Холивудските ѕвезди Шарлиз Терон, Марго Роби и Никол Кидман заедно го промовирале својот нов филм „Bombshell” за новинарките на Fox кои го разоткриле сексуалниот предатор Роџер Ејлис.


Додека Никол носела машки костум и кошула со вратоврска околу вратот, Маргот носела женствен фустан. Најодважна била Шарлиз Терон која се одлучила за црно фустанче со деколте до папок.



Своевремено Шарлиз се жалела дека е рамна како штица, но се сомневаме дека со тоа би се согласиле нејзините обожаватели. Шарлиз е дива, класична филмска убавица која евоцира на стариот холивудски гламур, акциска хероина, симпатична девојка од соседството, крволочна лудачка и совршен избор за комедија. Накусо, Шарлиз ги натерала холивудските шефови да го променат својот став околу тоа какви улоги можат да им дадат на жените.


Понекогаш во медиумите се појавуваат приказни за посвоениот син Џексон и таблоидските нагаѓања околу тоа со кого е во врска, но таа ретко говори за својата приказна иако нејзината биографија од мали нозе е преполна со пријатни приказни за кои едноставно сакате да читате.
Како дете била доста болна, а имала и жолтица поради што имала големи проблеми со забите.
„Немав заби до мојата 11. година. Бев на толку антибиотици што забите ми изгнија. Мораа да ги исечат. Воопшто немав млечни заби“, рекла во едно интервју за The Sun.



Кога имала 15. години и растела во Јужна Африка, нејзиниот татко кој често бил отсутен а покрај сето тоа бил и алкохоличар, еден ден се вратил дома откако се опивал со својот брат и во алкохолно лудило почнал со пиштол  да се заканува на сопругата и ќерката. Почнал да пука, а нејзината мајка го грабнала огненото оружје и возвратила со пукање. Го убила нејзинит татко и го ранила неговиот брат, а властите утврдиле дека станувало збор за самоодбрана.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …