(ФОТО) После бројни трачеви Бред Пит конечно ја открил вистината за својот љубовен живот!

Во интервју за New York Times, Бред Пит се осврнал на гласините кои последните три години кружат за неговиот љубовен живот.

Откако се развел од Ангелина Џоли медиумите го спојуваа со бројни жени, но ниту една од тие врски не е потврдена. Пит тврди дека ретко чита написи за својот љубовен живот.„Не се трудам да го одбегнувам тоа, едноставно не барам такви вести. Не знам со колку жени ме поврзуваа во последниве две – три години, но ниту една од тие приказни не е вистинита. Можеби нешто и сум покажал, но тоа не значи ништо“, рекол.



Професорката Нери Оксман, дизајнерката на накит Сат Хари Калса и Алиа Шавкат се некои од дамите за кои странските медиуми тврдеа дека се негови девојки.


Од разводот со Ангелина Џоли не потврдил ниту една нова љубов.
Неа ја запознал во 2004. година на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“, а иако тогаш бил во брак со Џенифер Анистон, љубовта пламнала. Во текот на десетгодишната врска и двегодишниот брак станале родители на три биолошки и три посвоени деца.



Во еден момент признал дека на нивниот развод кумувала неговата зависност од алкохол

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Марија Шерифовиќ за концертот во Скопје:„Македонија. Македонци. Што ми направивте? Ви ја дадов душата и зедов малку од вашата. Да си понесам. Да ме лекува!“

„Ниш! Никогаш не сте ме разочарале. Ви благодариме за љубовта што трае 🙏🏻🤍 Сепак, она …