(ФОТО) Северина се двоуми дали за 5.000 евра дневно да ја разоткрие интимата?!И’, треба кога наплаќа многу повеќе!

Иако се шпекулира дека познатата пејачка ќе добие висок износ за снимањето, останува нејасно дали таа ги прифатила условите во кои треба за 5.000 евра дневно да ја разоткрие својата интима…
Со оглед на високите стандарди на балканскта ѕвезда тешко веројатно е дека ќе реши за тој износ да ја открие својата интима со оглед на тоа дека за еден концерт наплатува многу пати повеќе…од 20. до 50. илјади евра…А, тука е и забраната за јавно појавување на синот Александар, з што дозвола би требало да се бара и од таткото Милан Поповиќ, но во српските медиуми пишуваат…
Продуцентите на телевизијата РТЛ сакаат пет дена да ја следат Северина за да ги прикажат случувањата во нејзиниот живот зад сцената, но и сето она што ја следи нејзината кариера, пишува српски „Курир“.
Северина Којиќ доби понуда од германската телевизија РТЛ да сними документарен филм во кој би било прикажано како изгледа животот на една од најголемите ѕвезди на Балканот.
Покрај тоа што хрватската пејачка со овој проект би добила одлична реклама и можен пробив на пазарот во Европа, би можела и да профитира. Германците на Северина ѝ понудиле хонорар од 5.000 евра за еден ден снимање, што значи дека за целиот филм би добила вкупно 25.000 евра. Доколку се реализира оваа приказна, гледачите ќе можат да ја видат Севе во најразлични дневни обврски, како во приватниот, така и во нејзиниот професионален живот.
Поголемиот дел од документарецот би бил сниман во Белград, каде што таа живее со сопругот Игор и синот Александар кој го доби од врската со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Исто така, Германците направиле посебни прилози за тоа како изгледаат нејзините подготовки пред настапите, пробите со бендот, кореографите и танчарите, снимањето на музиката во студиото и сето останато што подразбира работа на една голема пејачка ѕвезда.
Како што дознава „Курир“ од опкружувањето на Северина, неа и се допаднала понудата и расположена е да ја прифати доколку термините за снимањето на филмот се поклопат со нејзините обврски. Што се однесува до висината на хонорарот, за тоа посебно не се изјаснувала. Според планот на продуцентите од Германија, филмот би требало да се сними во првата половина на мај, а емитувањето на телевизија е можно веќе до почетокот на летото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …