Доаѓа циклонот „Димитар“: Еве што да очекувате утре!

Уште во текот на оваа ноќ облачноста ќе започне да се зголемува и тоа од запад па така најпрвин во западните предели а во текот на утрешниот ден (среда) врнежите ќе се прошират насекаде низ државава и ќе бидат поинтензивни на крајниот запад и северозапад каде ќе има услови и за
локални поретки грмежи.
Токму во овие крајни западни и северозападни предели локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог а на планинските места и нешто повеќе. На планините ќе врне снег каде ќе дојде до зголемување на белата покривка.Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец кој локално може да достигне брзина од над 70 км/час.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8. до 16. степени додека во централните и во југоисточните предели локално ќе се искачат до околу 19. степени, најавуваат од meteomax.mk.

Метео порталот најавува дека од среда кон четврток ќе има и спуштање на снежната граница, што значи дека во одредени градови на првиот ден од пролетта ќе се разбудиме со снег. Порталот најавува дека во некои градови ќе се формира и снежна покривка.
На планините се очекуваат и до 50 сантиметри нов снег.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …