(ФОТО) Северина пред банкрот: Поради долгови продава стан од милион евра!

Поп пејачката Северина Којиќ, како што пренесуваат некои српски медиуми, е во незавидна финансиска ситуација. Наводно на поп ѕвездата и се заканува банкрот поради што планирала да го продаде станот во Загреб кој чинел повеќе од милион евра.
Севе неодамна посетила агенција за недвижности со намера да го продаде луксузниот стан во Загреб, во населбата „Бијеличка цеста“, а според тврдењата на упатените, на пејачката и пристигнале долговите кон банката од која земала 800.000 евра кредит, како и трошоци за одржување на станот.


„На Северина и се насобраа долгови. Таа веќе подолго време не заработува како порано,а трошоците се зголемиле и поради тоа неодамна посетила агенција за недвижности за да го огласи својот луксузен стан во Загреб. Таа сака да го продаде тој стан и да купи двојно помал, а со остатокот пари да го затвори кредитот кој сеуште го отплатува. Затоа на агенцијата и понудила можност да и пронајдат стан од 100 квадратни метри со одредена доплата во замена за станот во кој моментално живее“, рекол изворот и додал:



„Севе падна во тешки финансиски проблеми и буквално е принудена да го продаде станот бидејќи нема други решенија. Секој месец плаќа голема рата за кредитот, а покрај тоа има енормни трошоци за одржување на станот. Неодамна искеширала 100.000 евра за албум кој не наишол на голем интерес кај публиката, а поради тоа почнале да и ги откажуваат и тезгите. Дури и оние закажани настапи кои и ги договорил бившиот менаџер се откажани, поради што сега се тужи со него“.


Порталите пренесуваат дека новиот менаџер на Северина и сопруг Игор не закажал ниту еден настап, а сметките за спотовите и песните кои ги снимила секојдневно пристигнуават.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …