(ВИДЕО) Најпопуларниот доктор на Балканот тврди: Жената секое утро мора да го изеде ова за да биде здрава и вита!

За овој појадок организмот ќе ви каже:Фала ти што ми го даде ова!
Кардиоваскуларниот хирург, доктор Емир Солаковиќ, го привлекува вниманието со своите изјави за здрав начин на живот пред се бидејќи на гледачите им се обраќа директно и без влакна на јазикот.
Во текот на гостувањето во една емисија на ТВ Хајат, навел кој е најдобриот појадок за жени, а кој за мажите:
„Јас се будам околу 5.30. Доволни ми се шест часови да се наспијам. Луѓето кои спијат подолго од шест часови имаат некој проблем. Не е нормално да се спие подолго од шест часови. Организмот самиот се буди после 6. до 7. часа, ако функционира нормално. Ако не можете да се наспиете, тука нешто се случува: или многу работите, или сте под стрес или е во прашање некоја болест…
Луѓето кои се дебели се пациенти. Оние кои се дебели имаат поголема шанса да станат болни.
Никогаш не сум видел дебел човек да доручкува. Тој го прескокнува појадокот. Секогаш нешто грицка, нешто нездраво. Кога јаде, јаде како да уфрлува во пештера. Се движи само од автомобилот до дома. Многу јаде, а нема физички активности и доаѓа до дебелеење.


Идеален појадок на жената е: Штом ќе стане да испие шоља чај од било што. Да ги измие тие токсини кои се собираат во текот на ноќта. Потоа земете јајца. За жените е идеален појадок кајгана од 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10. грама протеини.
А мажите: кајгана од 5 белки и едно цело јајце. Мрсно мора да се внесува бидејќи тоа е битно за организмот. Ако сакате здрави маснотии по таа кајгана истурете малку маслиново масло.


Нашата кожа, веѓи, коса, се’ е направено од тие белковини. И тоа без леб. Секој ден јадете го ова.
На вашиот мозок му е потребен шеќер за да се храни, но кој? Јас ви препорачувам да сварите овес и додадете неколку коцки црно чоколадо, па ставете и некоја сува слива. За овој појадок организмот ќе ви каже: Фала ти што ми го даде ова.
Организмот сака овес бидејќи тој единствен од сите намирници има иста супстанца како мајчиното млеко. Не јадете снегулкии, тоа е ѓубре. Тоа е само шеќер. Сварете чист овес како што варите пченица.



После ова комотно можете да испиете црно кафе без шеќер и ќе дојде до празнење на цревата. Е, дури тогаш сте подготвени за работа. Без проблем ќе можете да истуркате шест часови. Организмот ќе ви функционира перфектно.
А, ако изедете кифла, тоа е исто како да сте изеле шеќер. Организмот нема да знае дека изел кифла, тој го вари тоа како шеќер. Колку е лебот побел толку поголемо ѓубре е. Лебот со семки е добар и здрав, но оној вистински црн леб. Без бои и додатоци.


Но, максимално две кришки дневно.
Белиот леб нема ништо што ви е потребно!“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …