(ВИДЕО) Дарио ја промовираше новата песна „Inshallah“

Се чини на Дарио му здодеа да се бави само со семејниот бизнис, кафулето во центарот на Скопје, па се’ повеќе се посветува на музиката…
Резултат на тоа е новата песна „Inshallah“.
Лесна певлива, таман за топлите летни денови што ни претстојат…
„Стариот лисец“ овојпат е автор на музиката и текстот додека аранжманот е на Кристијан Габроски. Анимацијата на текстот е дело на Бруно Панковски.
„Inshallah“
Текст:
Таму кај сонот извира, стварноста таму заоѓа,
А негде помеѓу си ти, на својот ќилим летечки.
Ноќи со тебе живеам, а се будам сосем сам,
Којзнае колку години сонувам исти зборови:

Inshallah…Боже дај…ти и јас, некаде и некогаш,
Inshallah…Боже дај…еден ден заедно засекогаш.


Во сонот очи јаглени, усни ‘ко урми персиски,
И коси црни немирни, ‘ко бесни коњи арапски.
Топол ветер пустински влегува низ завеси,
И како да ги шепоти оние исти зборови:

Inshallah…Боже дај…ти и јас, некаде и некогаш,
Inshallah…Боже дај…еден ден заедно засекогаш.


Inshallah…Боже дај…ти и јас, некаде и некогаш,
Inshallah…Боже дај…еден ден заедно засекогаш.

Еден ден…во некој живот нареден.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …