(ВИДЕО+ФОТО) Одбила да танцува за пијани пријатели на сопругот, па ја претепал и ѝ ја избричил главата

На снимката која е објавена во средата на социјалните мрежи, жената објавила дека избегала од дома после нападот и успеала да дојде до полициската станица во која според нејзините зборови, одбиле да ја примат нејзината пријава, бидејќи немала пари да плати мито…
Во Пакистан е уапсен маж, бидејќи, наводно, ја мачел својата сопруга така што ја соблекол гола, ја тепал и и’ ја избричил главата, бидејќи одбила да танцува за неговите пријатели. Случајот добил внимание од јавноста кога била објавена снимка од неговата сопруга која се претставила како Асма Азиз, прекриена со модринки и на социјалните мрежи молела за помош.


Асма на снимката навела дека нејзиниот сопруг Миан Фаисал и неговите колеги збеснале бидејќи не сакала да танцува за нив. Таа тврди дека ја понижиле така што ја соблекле гола, и ја избричиле главата и ја тепале со цевки.


„Мојата облека беше крвава. Бев врзана и обесена на вентилатор. Ми се закануваше дека гола ќе ме обеси“, изјавила Асма која рекла дека Фаисал бил мил и полн со љубов кога се венчале пред четири години, но дека неговото однесување почнало да се менува пред шест месеци.

Мајката на 3.годишно дете вели дека почнал да ја тепа, најчесто кога бил пијан.


На снимката која е објавена во средата на социјалните мрежи, жената објавила дека избегала од дома после нападот и успеала да дојде до полициската станица во која според нејзините зборови, одбиле да ја примат нејзината пријава, бидејќи немала пари да плати мито.

Исто така, навела дека одбиле да ѝ овозможат лекување, барајќи прво да плати мито.

„Полицијата побара пари за преглед. Немав пари да им платам. Како и од каде да им платам?“, запрашала Азиз која сметала дека единствена можност ѝ е да ѝ се обрати на јавноста за помош, со оглед на тоа дека родителите ѝ се мртви и нема кому да се обрати.

Министерката за човекови права Ширин Мазари го видела видеото и напишала на Твитер дека нејзината канцеларија е известена за апсењето на двајца мажи – сопругот на Асма и неговиот вработен Рашид Алија.

Извор:Daily Mail

Фото:Twitter

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …