(ФОТО) СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕДНО А НЕГО ГО НЕМА! Зад нивната насмевка стои огромна ТАГА: Шумахер објави фотографија со која растажи многумина

Мик Шумахер, син на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, објави празнична фотографија од својот дом.
Тие го прославиле Божиќ во кругот на најтесното семејство, па Мик споделил заедничка фотографија на Инстаграм.
Тој позирал со својата мајка Корина и неговата сестра Џина пред елката, а многу негови обожаватели со тага забележаа дека тато Михаел го нема на фотографијата.

Покрај оваа објава, Мик ја сменил и сликата на профилот. Тој објавил фотографија на која татко му го држи во раце кога бил дете.


This image has an empty alt attribute; its file name is mik-so-tatko-mu.jpg

Состојбата на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1, е обвиткана во мистерија речиси девет години. Михаел Шумахер сериозно ја повреди главата при пад на скијање на француските Алпи на 29 декември 2013 година и оттогаш неговата состојба е предмет на шпекулации, бидејќи нема официјални медицински извештаи. Шумахер шест месеци беше во индуцирана кома, по што беше префрлен на домашно лекување и со години е во семејната вила на Женевското езеро.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …