Селена Гомез и покрај тоа што се справуваше со нападите на паника и лупусот кој и го откриле минатата година, овој пат направи и трансплантација на бубрег како последица од лупусот.
Селена Гомез откри дека ова лето направи трансплантација на бубрегот. На фотографијата која ја сподели на Инстаграм таа напишала дека нејзината пријателка Франсис Раиса бил донаторот и поради тоа не била толку активна и покрај тоа што извадила нова музика.
Selena Gomez's Instagram post reveals her good friend actress Francia Raisa donated her kidney to her. #ThankYouFrancia. 👯💕 pic.twitter.com/GfORlTxbbb
— Pop Crave (@PopCrave) September 14, 2017
“Дознав дека треба да направам трансплантација на бубрегот поради лупусот, подоцна се опоравував. Сетоа тоа ми беше потребно за моето здравје”.
Таа ги покажала и лузните после операцијата. И се заблагодарува на својата пријателка која се жртвувала за неа. Првата песна која ја објави беше со Kygo, It ain’t me, а подоцна отако ги објави и песните Fetish и Bad Liar, се повлече поради операцијата.
Нејзиното прво јавно појавување беше со нејзиното момче The Weekend на забавата на Harper Bazaar за време на модната недела во Њујорк.
Се повлече и од социјалните мрежи за да се справи со нападите на паника. Таа вели дека нејзиното нарушено ментално здравје се должи на тоа што и било дијагнозирано лупус минатата година.