Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

Започнуваат подготовките за 15то јубилејното роденденско издание на детскиот фестивал „Поточиња“, кое ќе се одржи наредната пролет. За таа цел, објавена е аудиција за нови членови кои ќе земат учество на претстојните „Поточиња 2018“.
Детскиот фестивал „Поточиња“за прв пат се појави на македонската сцена во 2004 година. Со своите песнички и радоста која ја носеа за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката. „Поточиња“редовно се одржува секоја година и со секој настап ја најавува пролетта. Овој фестивал им овозможува на сите дечиња, преку песничките да зачекорат во светот на бајките, сказните, училиштето, здравите навики, природата и екологијата.
Започнуваат подготовките за 15то јубилејното роденденско издание на детскиот фестивал „Поточиња“, кое ќе се одржи наредната пролет. За таа цел, објавена е аудиција за нови членови кои ќе земат учество на претстојните „Поточиња 2018“.
Термините за аудицијата се: 18 – 20 септември 2017, градинка „Срничка“ (објект Бамби) нас. Аеродром, 18:00 – 19:00 часот и 21 и 22 септември 2017, ООУ „Владо Тасевски“ нас. Козле 18:00 – 19:00 часот.
Аудицијата е за деца на возраст од 5 до 12 години, а за повеќе сите заинтересирани може да се обратат на produkcijapap@gmail.com и телефонскиот број 072 210 660.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Денес се сеќаваме на нашиот историчар на уметност и ликовен критичар Димче Коцо

Димче Коцо е роден во Охрид на 10 октомври 1910 година. Тој беше истакнат македонски …