(ФОТО) СЕКОЈА ЧЕСТ! Една од НАЈУБАВИТЕ жени на светот наполнила 51. година! Дали е реално и понатаму да изгледа ВАКА ДОБРО!?

Поранешниот топ модел изгледа неверојатно и во шестата деценија…
Еден од најбараните супермодели на сите времиња, рамо до рамо со Синди Крафорд и Наоми Кембел, е Клаудија Шифер.
Оваа русокоса висока 180. сантиметри „жареше и палеше“ на модните писти, а и денес таа е синоним за беспрекорна манекенка, убава, успешна и избалансирана.
Славната Германка денеска го слави својот 51-ви роденден, но се чини дека не остарела ниту еден ден во споредба со деновите кога беше на врвот на кариерата.


View this post on Instagram

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)


Речиси и да нема луксузен бренд или познат дизајнер со кој овој модел не соработувал, па затоа не е чудно што таа важи за жена која ги напиша страниците на историјата на моделирањето со златни букви.


– Беше лудо време! Живеев како рок sвезда. На секоја модна ревија, ме чуваа телохранители… Не само мене, туку и мојата облека, дури и долната облека – да, и градниците и гаќите – рекла таа во една пригода.
Денес, после повеќе од 30. години од почетокот на нејзината кариера, таа се уште стои цврсто со двете нозе на земја.

Клаудија отсекогаш била различна од другите супермодели – посериозна, посмирена, помалку жедна за забава, а денес и самата го признава тоа.
Шифер вели дека стареењето не ја плаши, и дека знае дека е време да ја предаде диригентската палка на нови надежи.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …