Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, модата ја има во малото прсте.
Многумина ќе се согласат дека Кејт е веројатно најубавата членка на кралското семејство и онаа со највисок стил, особено сега кога нејзината најголема конкуренција ја нема (секако мислиме на Меган Маркл).
За посета на дом за незгрижени деца, Кејт избрала опуштена дневна комбинација која е сè уште толку елегантна и женствена што многу жени не би се срамеле да ја носат во многу поформални прилики. Нејзиниот избор паднал на цветен миди фустан и еспадрили на полна пета.
Оваа комбинација е омилена комбинација на многу жени во пролет и лето, а покрај тоа што изгледа одлично, многу е удобно да се носи цел ден.