(ФОТО) СЕ ПЛАШЕЛ ОД РЕАКЦИЈА – Маж споделил „годишна рецензија“ за сопругата: Ја оценувал и нејзината активност во креветот!

Тој го искористи извештајот, на шега, за да ги посочи нејзините вештини за решавање конфликти и неподготвеноста да прифати критики, означувајќи ги како „кои имаат потреба од подобрување“


Мажот го сподели „годишниот преглед“ на неговата сопруга во кој ги оценил нејзините достигнувања како домаќинка. Тој во извештајот вклучил сè, од тоа колку се насмевнува додека ги извршува своите должности до настапите во кревет.
Крис Старс (39) и подарил на својата сопруга Софи Старс (38) со која е во брак 14. години, целосен годишен преглед на нивниот брак и, како и нејзиниот работодавец, одлучил за нејзиниот настап. Извештајот се состоел од две страници и табела на која се проценуваат 18. аспекти од семејниот живот. Тој и ги предал тие документи додека биле на ручек, пишува Metro.

Тој го искористи извештајот,на шега, за да ги посочи нејзините вештини за решавање конфликти и неподготвеноста да прифати критики, означувајќи ги како „кои имаат потреба од подобрување“. Тој исто така го заклучил извештајот со „план за подобрување“ со кој ја замолува Софи понекогаш да признае дека знае нешто најдобро.
Софи се пошегувала дека е мудро што Крис и ги дал документите на јавно место, но таа се пофалила кога видела дека дел од нејзината напорна работа е оценета како одлична. Тој го пофалил нејзиниот перформанс во кревет, но не објавил детали бидејќи смета дека нивните деца не треба да ги читаат.


“Не бев сосема сигурен како се ќе се одвива. Да имаше добар ден, ќе го видеше хуморот во него, но ако денот беше лош, ќе беше навистина незгоден ручек. За среќа, тоа беше добар ден”, рекол Крис.
Иако се смееле, многу жени го осудиле откако парот ги објавил фотографиите на социјалните мрежи.



„Ова е понижувачко“, „Ако мојот сопруг ми го дадеше ова, тој ќе бараше нова жена“, „2020 година повеќе како 1920 година“, биле некои од коментарите.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Акила

Светиот апостол Акила Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена …