Принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот уживале во специјалната претстава на пантомима во London Palladiumu
View this post on Instagram
Британскиот принц Вилијам, војводата од Кембриџ и принцезата Кејт го направија своето прво јавно појавување на црвениот килим во петокот вечерта со своите деца, принцот Џорџ (7), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2).
View this post on Instagram
Кралските деца дојдоа во лондонскиот Паладиум за да ја гледаат пантомимската претстава Pantoland. По тој повод, принцот Вилијам ја изрази својата тага за смртта на легендарната британска актерка со благородна титула „дама“, Барбара Виндзор, која почина во четвртокот на 83-годишна возраст.
Во изјавата пред претставата, принцот Вилијам познатата актерка ја нарекол легенда.
– Пред да продолжиме, сакам да застанам за момент и да оддадам почит на нашето национално богатство, Лејди Барбара Виндзор, која, на наше огромно жалење, почина синоќа. Таа беше гигант на светот на забавата и легенда на пантомимата низ целата земја, вклучувајќи ја и оваа сцена. Знам дека страшно ќе ни недостасува на сите – рекол тој.
View this post on Instagram
Бидејќи претставата била замислена како благодарност до сите оние кои придонесуваат во тешките периоди на пандемијата, принцот Вилијам исто така се осврнал и на нив.
– Работници во заедницата, волонтери, наставници, лекари, итни работници и војска, истражувачи кои работат на развој на вакцини, луѓе кои им помагаат на бездомници, диспечери во клучните центри за повици, вработени во хуманитарни организации, сите вие дадовте се од себе оваа година и направивте неопислива жртва за време на пандемијата – рекол членот на кралското семејство.
View this post on Instagram
Говорот уследил откако Вилијам и неговата сопруга Кејт направија кралска железничка турнеја низ Велика Британија претходно оваа недела за да им се заблагодарат на сите што несебично се вклучија во борбата против пандемијата.
Видео и фото: Instagram