(ФОТО) СЕ ОБИДЕЛ ДА СПРЕЧИ ПРОМЕНА НА ПОЛ НА 7. ГОДИШЕН СИН – Судот му го одземал старателството!

Желбата на седумгодишниот Џејмс од американскиот Тексас да живее како девојче и да се вика Луна, предизвикала голема расправија меѓу неговите разведени родители.
Додека мајката Ана Георгулас го поддржува, татко Џефри одбива да му дозволи на неговиот син да стане девојче и тврди дека момчето тоа го прави по убедување на мајка му. Сè завршило на суд, а одлуката на судијата е мајка да добие целосно старателство врз Џејмс и неговиот брат близнак Џад.
Ен, која по професија е педијатар, тврди дека малиот Џејмс е трансродов и се залага за идејата за хемиска кастрација и можна хормонска терапија. Момчето, наводно, сака да носи фустани и да одговара на името Луна.


Gepostet von Anne Georgulas am Donnerstag, 6. September 2018

Мама дури добила и писмена препорака од клиниката за терапии од клиниката Dallas Rainbow Therapy.
„Се препорачува мојот клиент Џејмс Јунгер, познат и како Луна, да стане пациент на Клиниката GENECIS за да може да добие целосна психолошка поддршка за родова дисморфија и потенцијално да започне со блокатори на хормони“, напишала терапевтката Ребека Оуер.
Сепак, психијатарот Бенџамин Албритон, кој сведочел на суд, не се согласува со неа.
„Експертските сведоци се сомневаат дека Џејмс е сто проценти убеден дека тој е всушност женско. Сè уште има одредена флуидност во неговото размислување. Ниту тој, ниту неговиот брат страдаат од депресија, вознемиреност, ниту се агресивни. Џејмс не покажува знаци на друга психолошка потешкотија“, рекол тој.


Gepostet von Save James am Freitag, 20. September 2019


Таткото тврди дека момчето носи фустани и одговара на името Луна само во присуство на мајката, пишува Unilad.
“Верувам дека тоа не е само емоционална злоупотреба, но сметам дека е еден вид сексуална злоупотреба, мешање во сексуалниот идентитет на ранливото момче. Тој оди на училиште во фустани и ги користи тоалетните простории за девојчиња. Наставниците го нарекуваат Луна. Сите авторитетни фигури во неговиот живот – мајка, наставници, училишен полицаец, библиотекар, директор на училиште – тие му велат дека тој е девојче. Јас сум единствената возрасна личност што му ја кажува вистината – дека тој е момче“, рекол Џефри Јунгер во еден подкаст.
Тој додал дека чувствува дека момчето се однесува на тој начин затоа што неговата мајка му искажува љубов само кога се однесува како девојче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …