„Само еднаш во животот, верувам во тоа, пронаоѓаш некого кој во потполност може да го преврти твојот свет. Им кажуваш работи кои никогаш не си ги поделил со друга душа и тие апсорбираат се’ што ќе кажеш и што всушност сакаат да слушнат повеќе…Во нивно присуство нема потреба за континиуиран разговор, задоволен си што ги имаш во близина. Работите кои никогаш не те интересирале станале фасцинантни бидејќи знаеш дека се важни за тоа лице кое ти е така посебно…“
Роберт Места Марли или Боб Марли е најпознат реге музичар кој влијаел овој жанр на музика да се популаризира ширум светот. Бил хуманист и амбасадор на мирот, а во неговите песни се вткаени едни од најубавите пораки кои ја величаат љубовта, значењето на мирот за човечката душа и пронаоѓањето радост во секој момент.
Издвоивме 13. најубави пораки на Боб Марли!
– Големината на човекот не се гледа во неговото богатство, туку во неговиот интегритет и способноста на луѓето околу себе да влијае позитивно.
– Велиш дека го сакаш дождот, но се криеш под чадор кога паѓа. Велиш дека сакаш сонце, но бараш ладовина кога грее. Велиш дека сакаш ветер, но го затвораш прозорецот кога дува. Поради тоа се плашам кога велиш дека ме сакаш мене!