(ФОТО) СЕ ФАЛИ СО ФОТКИ ВО КОСТУМ ЗА КАПЕЊЕ А ФАНОВИТЕ И ПОРАЧАЛЕ: „Се ти протекува!“

„Па, се ти протекува надвор. Треба да носиш соодветни костуми за капење бидејќи ова воопшто не е привлечно“, коментирале пријателите на плус сајз моделот Ешли Грахам.


Американката Ешли Грахам (31), модел за пополни жени нема проблеми со своите килограми. Грахам гордо објавува предизвикувачки фотографии на социјалните мрежи, како оние во долна облека или пак костум за капење.


 


Така неодамна осум милиони следбеници ги почестила со фотографија во минијатурен костум за капење кој повеќе открива отколку што покрива.


„Една зад сцена“, напишала Грахам која моментално снима моден едиторијал за марка на костуми за капење за пополни жени. Освен прекрасната природа, на обожавателите не им било јасно зошто Грахам ги навлекла гаќичките од костумот преку колковите.

View this post on Instagram

Mexico, I needed you! 💛

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

„Па, се ти тече надвор. Треба да носиш соодветни костуми за капење бидејќи ова не изгледа ниту малку привлечно“, се само некои од коментарите под фотографиите. И’, додека едни сметаат дека Грахам изгледа одлично во летното издание, други се противат на тоа и зборуваат дека одвишните килограми никако не се здрави за нејзиното тело.

View this post on Instagram

i need to go back to Italy

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

„Таа не би требало да промовира отповеќе килограми бидејќи многу луѓе се борат со нив“, пишува еден следбеник. Но, Ешли и не би се баш сложила со него. За да го промовира здравиот начин на живот оваа Американка секој ден оди во теретана.

„Никогаш не сум дозволила телото на било кој начин да ми пречи во напорните тренинзи. Градите, задникот, стомакот, ништо не може да ме запре да продолжам да се движам и да имам контрола над своето здравје“, напишала под видеото. Бројни обожаватели коментирале дека го разбираат проблемот на оваа манекенка.

Ешли повеќе од осум години била во брак со филмскиот продуцент Џастин Ервин (30), а во една прилика споделила совет што да се прави кога страста ќе исчезне.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …