(ФОТО) САКА ДА ГО ЗАДРЖИ СТАТУСОТ – Меган Маркл се плаши од губењето на титулата ВОЈВОТКА:Тоа би била вистинска финансиска катастрофа! Хари е безбеден поради ОВАА причина!

Меган Маркл (39) не е член на кралското семејство 15. месеци, но сепак е војвотката од Сасекс и сака да ја задржи таа титула, пишуваат островските медиуми.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


Кралицата Елизабета, Меган Маркл


Така, таа на сите платформи се потпишува како војвотката од Сасекс, а неодамна напиша и книга за деца „На клупата“ (The Bench) под тоа име.

Извор близок до семејството изјавил дека Меган се плаши од губење на титулата откако нејзиниот сопруг принцот Хари излезе во јавноста со сериозни обвинувања против кралското семејство.

Принцот Хари

– Таа му рече на Хари дека треба да ги ублажи нападите врз кралското семејство затоа што се плаши дека ќе им ги одземат кралските титули, што би било ПР-катастрофа. Во моментов, таа е преплавена со понуди, а тоа е делумно затоа што е војвотка – рекол изворот.

Да потсетиме, принцот Хари упати бројни обвинувања во документарецот што го сними со Опра Винфри, наречен „The Me You Can Not See“.

Кралицата Елизабета, принцот Хари

Меѓу другото, тој ги обвини членовите на кралското семејство дека негативно влијаат на неговото ментално здравје, а неговиот татко, принцот Чарлс, се однесувал лошо кон него како дете.
Титулите што ги имаат кралицата не може да им ги одземе, но за нив треба да се одлучи со гласање во парламентот. Ако се случеше тоа, на Хари ќе му останеше титулата принц затоа што ја добил од раѓање.

Извор: The Mirror
Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …