Еди Медок-Џонс е родена со неверојатни 460 грама и била помала од човечка рака, а кожата и била речиси проѕирна.
View this post on Instagram
Нејзината мајка ја донела на свет на 23-та недела, сè укажувало на тоа дека Еди нема да преживее, но таа го сторила токму тоа – ги надминала лошите прогнози и решила нејзините родители да ги направи среќни.
Во првите две недели по раѓањето, Еди се борела со крварење во мозокот, пневмонија, сепса, ниско ниво на тромбоцити, недостаток на железо, шумови на срцето… Лекарите им објасниле на нејзините родители Никол и Дејвид дека може да се појави ситуација кога ќе мораат да ги исклучат апаратите.
Никол, мајката на Еди, вели дека сè било во ред се до 23-та недела од бременоста, кога отишла на редовна контрола кај гинекологот.
View this post on Instagram
„Се сеќавам дека бабицата рече:‘Сè е нормално, но ти започна да се отвораш.И’ тоа беше почетокот на пеколот“, ја започнала својата приказна оваа Британка.
Лекарите направиле се за бебето да биде во матката до 24-та недела, што се смета за минимум потребен за бебето да има шанса да преживее … Но, Никол не успеала да издржи и раѓањето започнало.
„Ме фати паника затоа што ќерка ми се роди толку рано. Се сеќавам на лекарот кој рече дека фетусот не е во можност да преживее ако се роди пред 24-та недела. Се чувствував беспомошно и скршено. Тој зборуваше за моето бебе а за мене тоа не беше фетус – тоа беше нашето мало девојче“, вели жената.
View this post on Instagram
После 109 дена тешка и непрекината борба, Еди конечно можела да си оди дома – здрава. Денес, ова девојче има четири години и е малку помала од нејзините врсници, но освен тоа, нема други проблеми – таа е среќна и радосна.
Инаку, нејзината мајка Никол ја опишалала целата приказна за нејзиното искуство на својот блог, а тоа го сторило откако одекнала веста за девојчето Сајба, најмладата досега родена, која издржала еден ден помалку во утробата на нејзината мајка од Еди кај Никол.
„Кога се роди Еди, тоа беше најлошиот период во мојот живот, и јас точно знаев како се чувствуваат родителите на девојчето. Исто така, знам колку е потребно мајката на предвремено бебе да се бори за своето дете да преживее. Лекарите ми рекоа дека моето дете нема да преживее, но Еди е доказ дека и најмалите бебиња можат да се борат за здрав и среќен живот“, рекла Никол.
View this post on Instagram
Извор: The Sun
Фото: Принтскрин/Instagram